Реклама
Холивуд

Ова се најлошите модни изданија од црвениот килим на филмскиот фестивал во Венеција

Реклама

Отворањето на Филмскиот фестивал помина во знакот на добриот стил.

Но како што тоа се случува секогаш на вакви настани, и на црвениот килим на филмскиот фестивал во Венеција имаше вистински модни промашувања. Тука пред се мислиме на фустанот на Мис Италија, Рашел Рисалити кој беше дизајниран да го испрати трендот на покажување на долната облека и градите, но со тоа само ни демонстрираше дека и овој фестивал не е поштеден од разголените комбинации и модниот невкус.

Маркетинг

Во продолжение погледнете ги модните киксови кои го следеа овој фестивал низ годините.

Маркетинг

Познатата грчка актерка Риа Антониоу минатата година на црвениот килим се прошета во металик проѕирен фустан кој во преден план го стави нејзиниот задник.

Но фестивалот во Венеција бара далеку погламурозни креации, а модното правило гласи дека не мора по секоја цена да се биде во центарот на вниманието – и особено не поради голотија!

Погрешните високи потпетици на кинеската актерка Кинг Ксу кои го оставија во сенка затварањето на филмскиот фестивал во 2015.

Зое Кравиц во погрешен фустан (2014)

Можете да го изберете најубавиот (и најскапиот) фустан на светот, но ако вам не ви стои убаво, се ви е џабе и дефинитивно – НЕ треба да носите!

Марина Кастелнуово е позната имитаторка на Елизабет Тејлор, но дали познатата актерка некогаш би облекла нешто вакво?

Познатата италијанска актерка Џулија Бевилакова во 2012 сакаше да изгледа оригинално и провокативно, но очигледно не успеа во тоа…

Она кога потполно погрешно ќе ги искористите вашите 5 минути

Татјана Кучарова, актерка и манекенка од Чешка која во 2010 на црвениот килим ја покажа долната облека, но и сандали кои се број помали.

И за крај италијанските манекенки Џулијан Салеми и Дајан Мело кои минатата година со своите секси изданија на црвениот килим ги оставија сите без зборови!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button