Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Најлесно е да ги засакате жените Водолии, зашто тие партнерот го ставаат на прво место

Реклама

Дали и вие некогаш сте биле шармирани од зборовите на една Водолија?

ФОТО: blog.oranum.com

Водолиите се најмистериозните личности во Зодијакот, а љубовта на жената родена во овој хороскопски знак е вистинска и единствена. Неконвенционални се, имаат посебни пријатели и се пример за многумина. Овие жени се многу друштвени и интелигентни, секогаш се пријателски расположени, уживаат во убавините кои ги нуди животот, а најмногу ја сакаат уметноста.

Кога се во врска или брак, Водолиите партнерот го ставаат на прво место. Кон него секогаш се искрени, а никогаш не ги издаваат тајните кои им се доверени. Секој кој им е близок може да смета на нив, на нивната доверба, но и на нивната помош. Водолиите ќе направат се’ што е во нивна моќ за да им помогнат на своите пријатели и на своето семејство. Исто така со нив не е тешко да се зборува, и секогаш лесно можете да им упатите критика. Тие сакаат предизвици и не сакаат луѓето да им го зборуваат само она што би сакале да го слушнат.

Маркетинг

Нивните партнери не мораат да стравуваат, зашто Водолиите никогаш нема да се обидуваат да ги претворат во нешто што не се. Ако некој не им се допаѓа каков е, Водолиите нема ни да се трудат околу таквите личности. Дали нешто заборавивме да напоменеме за овие специфични жени? Па… изгледа дека важно е да се спомене дека овие жени честопати се разиграни и симпатични, дури и ако се обидуваат тоа да го сокријат!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button