Неочекувано изненадување на ревијата на Кристофер Кејн
Новата колекција на Кристофер Кејн се вика „Make Do and Mend“, а името го има добиено по памфлетот на британската влада од 40-тите години на минатиот век. Овој памфлет содржеше совети за претставничките на понежниот пол како облеката да им трае подолго во време на рационална потрошувачка која тогаш била во фокусот. Токму и затоа, Кејн новата колекција ја базираше на техниката пачворк која ја примени на моделите од неговите поранешни колекции кои ги обедини во една и создаде еклектични парчиња преполни со откачени и несекојдневни мотиви, без никакви стилски референци на 40-тите години од минатиот век. Но на претставниците на модниот свет вниманието им го привлекоа обувките кои дефинитивно се нешто кое никој не очекуваше да го види на модните писти. Станува збор за папучите „кроксерки“ овој пат украсени со разнобојни каменчиња кои го привлекуваа погледите на присутните и кои преку ноќ го окупираа Инстаграм профилите на модните инсајдерки.
Од тука се поставува и прашањето дали е можно најгрдите обувки во историјата на обувките да станат стејтмент парче за периодот што следува? Во времето кога модата, за да го привлече вниманието на публиката на себе, редефинира се’ и сешто, од обични торби за шопинг (види тука), па се до бушавите обувки кои изгледаат како да носите кадифен зајак на нозете (види тука), секако дека има место и за овие несекојдневно грди папучи.
Шокантно откритие – пластичните папучи кои ги има и на нашите пазари се канцерогени »
Што мислите вие?
Извор: Fashion.hr