Вирално

Денес се слави Свети Јован Богослов, најголемиот христов апостол – направете го ова и ќе бидете здрави преку цела година

Advertisement

Според Македонската православна црква родителите му биле побожни луѓе, па на тој начин и го воспитувале својот син Јован. Тој заедно со својот брат јаков тргна по Христа и никогаш не го напушти.

Advertisement

Јован познат и како апостол на љубовта е најмладиот од 12-те христови апостоли и еден од четворицата евангелисти. Тој присуствува на најважните настани од животот на Исус Христос, а по Распетието ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка до нејзиното успение. Бил талентиран писател и имал моќ да ги објасни најдлабоките тајни на христовата наука поради што е наречен Богослов.

Се верува дека на денешниот празник и ден почнуваат михолските празници. Луѓето би требало да го одморат добитокот, жените да не допираат ножици ни игли, а во некои краишта се верува дека во случај на непочитување на овој празник се привлекува несреќа во семејството. Од друга страна пак, во некои краишта се верува дека овој ден е добар за тргнување на пат, затоа што се смета дека овој светец ќе ви биде заштитник.

Денеска помолете му се на светецот и тој ќе ви ја исполни секоја желба.

Advertisement

Житието на Свети Јован Богослов, апостол и евангелист

Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ тој потоа ѝ беше како син на Пресветата Дева и грижливо Ѝ служеше и Ја чуваше с ѐ до Нејзиното успение. По успението на Пресвета Богородица Свети Јован отиде заедно со својот ученик Прохор да го проповеда Евангелието во Мала Азија. Најмногу се бавеше и дејствуваше во Ефес. Со својата вдахновена проповед и со своето чудотворство мнозина ги обрати во христијанството и од темел го расколеба незнабоштвото. Огорчени, незнабожците го врзаа и го пратија во Рим кај царот Дометијан. Пред царот беше мачен и биен, но бидејќи не му наштети ни најлутиот отров што му го дадоа да го испие, ни зовриеното масло во коешто го фрлија, царот се исплаши и сметајќи го за бесмртен го испрати на прогонство на островот Патмос. На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се престави кај Господ. Кога потоа учениците му го отворија гробот, не го најдоа неговото тело, но секоја година на 8 мај од гробот исходеше некој ситен прав, миризлив и лековит.

По долгиот многутруден и многуплоден живот на земјата, овој возљубен ученик на Христос и столб на Црквата, се пресели во бесмртната и мирна радост на својот Господ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button