Оваа елегантна дама во црвениот фустан и е најголема конкуренција на Меланија Трамп
Ново име кое модните магазини го обожаваат.
Јулијана Авада (41) ги освои симпатиите на модниот свет кога пред неколку дена со сопругот аргентинскиот претседател Маурисио Макри (56) беше во официјална посета кај Меланија и Доналд Трамп. Таа и тогаш го покажа својот одличен стил со кој потполно и парираше на Меланија. Тие и двете носеа женствени комбинации, но мораме да признаеме дека госпоѓа Трамп изгледаше малку посексапилно во нејзината јакничка инспирирана од војничкиoт стил и тесното здолниште кои се од пролетната колекција на Altuzzara.
Егзотична прва дама која според многумина има многу подобар стил од Mеланија Tрамп >>
Но и првата дама на Аргентина изгледаше неодоливо во црвениот фустан со карнери и елегантните црвени високи потпетици кои случајно или не се од модната куќа Aquazzura од која ќерката на Доналд Трамп, Иванка, е обвинета за плагијат.
И покрај црната кампања модното царство на Иванка Трамп не се распаѓа >>
Па која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?