Реклама
BEAUTYНега и здравје

Најдобрите чаеви за зајакнување на имунитетот

Реклама

Чаевите за пододбрување на имунитетот може да бидат разновидни. Но, постојат и такви кои повеќето ги имаат во својот дом, но не знаат колку истите се корисни за здравјето. Па, не е ништо тешко, туку само треба да создадете навика за секојдневно пиење некаков чај, при што значително ќе влијаете на вашиот имунитет.

Чај од нане

Чајот од нане е чест избор на луѓето кои се настинати. Но, зар мора да чекате да се разболите? Пијте го овој чај превентивно, за да го спречите ослабнувањето на имунитетот. Нането содржи многу калиум, калциум и витамин Б кои се значајни за имунитетниот систем.

Чај од жалфија

Овој чај е добар сојузник против вируси, бактерии и габи. Погоден е за лечење разни воспаленија, настинки и кашлици. Пијте од 2 до 3 шолји дневно и за неколку дена ќе се чувствувате подобро.

Маркетинг

Црн чај

Црниот чај е специфичен по тоа што содржи супстанца која е многу важна во одбраната на организмот од различни болести.

Чај од хибискус

Хибискусот е богат со многу супстанци кои се поволни за зајакнување на имуниот систем. Ефикасен е за борба против настинки, воспаленија на грлото, кашлица, грип, но и за стомачни проблеми.

Маркетинг

Чај од шипка

Шипката придонесува за зајакнување на имунитетот поради богатството од витамин Б и Ц, но и поради антиоксидансите. Овој чај на телото му дава виталност и ја подобрува општата состојба на организмот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button