Реклама

Најдобри спортски апликации за iPhone

Реклама

„ Мартовска спортска грозница не тресе сите, а само затоа што одите на работа, училиште или на одмор, не значи дека не можете да ги следите вашите омилени тимови. “

Маркетинг

Луѓето од масовните медиуми секогаш размислуваат како да привлечат повеќе гледачи и воопшто „консументи“ на информации, па така секојдневно се во работен контакт со технички иновативните компании, кои постојано работат на тоа – како да ги направат информациите подостапни во сите услови и околности. Резултатот од тоа е изнаоѓање, односно изумување на креативни софтвери кои се имплементираат во апаратите со кои секојдневно баратаме, при што податоците за спортските настани стануваат навистина достапни во било какви услови и ситуации и да се наоѓаме. Ние сега ќе ви презентираме неколку апликации кои ги поддржува iPhone, кои овозможуваат да бидете во тек со сите спортски настани во секакви околности.

ESPN ScoreCenter

Маркетинг

Ниту еден разговор за спорт не би бил комплетен без ESPN. Бесплатната ESPN ScoreCenter апликација за iPhone ги следи сите новости, поени и снимени видеа од натпревари и ви праќа известувања во истиот момент. Кога ќе ја лансирате апликацијава, ги подесувате вашите омилени спортови и тимови, а ScoreCenter ви ја организира домашната страница (homepage) според преференците. На вашиот главен екран е страницата “My Teams” на која се прикажуваат сите резултати во кои партиципирале вашите омилени тимови. Нормално можете да се префрлите за да ги видите Топ Резултатите на денот, актуелни новости и она што е најинтересно, е тоа што автоматски ги добивате информациите од омилените спортови. Исто така важно е дека апликацијата поддржува апсурден бој на спортови од фудбал и кошарка, до тенис, хокеј, крикет и тн.

Освен тоа што добивате известувања при текот на играта, имате можност за подесување за зачестеноста со која ги добивате – сакате за секој поен на Лејкерси во текот на мечот или пак само на крајот од мечот за да не бидете „бомбардирани“. Можност за паралелно следење на повеќе натпревари одеднаш и огромен број на информации преку вашиот телефон.

Yahoo! Sportacular

Sportacular функционира на сличен начин со ScoreCenter, но со поголем акцент на известувања отколку на пребарувања на вести и резултати.

Сеуште можете да ги изберете вашите омилени тимови, но таа функција е малку скриена во апликацијата. Ќе ги прикажува резултатите на вашите омилени тимови на врвот од прозорецот за резултати, и сеуште имате можност да сурфате по други спортови, но не ви овозможува избор на омилени спортови – морате да поминете преку долга листа за да ги пребарувате еден по еден, што не е толку едноставно како кај ScoreCenter. Пребарувачот за вести не е толку интересен, главно затоа што ве насочува кон оптимизирана десктоп статија на Yahoo, спортскиот оддел преку апликацискиот пребарувач.

Како и да е, кога доаѓа до известувања, Sportacular сјае! Не само што можете да добивате известувања на специфични периоди во текот на натпреварите, туку и пред- и пост- известувања, импровизирани говорни известувања за игра во црвена зона, напнати ситуации, што е многу Cool ! И на крај, Sportacular доаѓа со неколку социјално-мрежни карактеристики како размена на резултати и реакции со други „sports-minded“ пријатели на Фејсбук, како и функцијата “Check In” која покажува кои тимови, колку фанови имаат кога следат одреден натпревар во дадено време. Доста занимливо за спортските манијаци!

SportsTap

Ако сте манијак за статистики, Sportstap е апликација која дефинитивно ќа сакате да ја имате. Додека ESPN ScoreCenter дава корисен статистички приказ на деталите од натпреварот, SportsTap оди чекор понапред, давајќи статистички податоци какао за самиот натпревар, така и индивидуални податоци за поединците, пред, во текот како и после завршувањето на натпреварот.

Но уште по – cool карактеристика на оваа апликација е одделот LocalTap, кој може да ги покаже сите натпревари за вашиот омилен локален тим, што е вистински „десерт“ за сите оние кои се „навлечени“ на спортска статистика од било каква природа (ова посебно се однесува за оние кои голем дел од времето поминуваат во обложувалниците), при што ова е најбрзиот начин за доаѓање на информации. И оваа апликација поддржува алармантни известувања, го означува почетокот на натпреварот, промените на резултатите, и финалниот резултат на крајот од играта. Тоа е и повеќе од адекватно за повеќе од луѓето, но ако имате потреба од подетално подесување за вашите спортски известувања, веројатно ќе посакате да „грабнете“ уште некоја од апликацииве.

alt

alt

Поврзано

Back to top button