Култура[тор]

Награда ДЕНЕС 2011

ПОВИК до ликовните уметници за учество на наградна изложба ДЕНЕС 2011- Годишна награда за млад ликовен уметник.“

Центарот за современи уметности Скопје и Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк ја доделува годишната награда за млад ликовен уметник (до 35 години) во Македонија.

Наградата се состои од стипендија која ги покрива трошоците за пат и четиринеделен престој во Меѓународната куќа асоцирана со Колумбија Универзитетот во Њујорк.

Услови за учество на овој повик:

– реализирана изложба во Македонија во 2010 год.

Во прилог доставете визуелна документација (каталог, ЦД, ДВД …)

– копија од портфолио на уметникот.

Начинот на селекцијата е поделен во две фази:

– Селекција на 4 уметници, од страна на комисија

– Организирање на изложба на селектираните 4 уметници во Музеј на град Скопје на која ќе се додели наградата на прво наградениот уметник од страна на комисијата.

Потребната документација можете да ја доставите лично (10.00 – 12.00 ч.) или по пошта на адреса: Центар за современи уметности – Скопје, бул. Гоце Делчев, ДТЦ Мавровка, Ламела А, кат 1, канц.10, 1000 Скопје,

или на: e-mail: anita@scca.org.mk.

Краен рок за доставување: 22 април 2011 год.

alt

Маркетинг

Поврзано

Back to top button