Надица Георгиева го прослави 55 роденден – топ моделката преубава и денес (фото)
Се вројува во првите супермодели на Македонија, но и во поранешна Југославија.
На крајот на 80-те и на почетокот на 90-те години, македонскиот супермодел Надица Георгиева ги красеше насловните страници на најпознатите југословенски списанија.
Кариерата вртоглаво ѝ тргна во нагорна линија со изборот Лице на годината „Look of the Year“ во 1988 година, настан организиран на ниво на поранешна Југославија, каде Надица триумфираше, а потоа изгради интернационална кариера.
Нејзината убавина која магепсува сѐ уште е тука, и тоа без никави хируршки интервенции.
Во модните води остана до денес, но од другата страна на сцената. Надица сега се грижи за кариерите на помладите колешки и колеги, отворајќи им ги вратите кон светската модна сцена.
Вчера, македонската убавица го прослави својот 55 роденден во друштво на блиски пријатели.
Славеничката сподели видео од моментот на дување свеќички, на социјалната мрежа Фејсбук.
Волшебно прекрасна!