Огласи
UncategorizedБизнис

На жена од Скопје купувањето преку интернет и стана вистински кошмар – еве како и ги земаа парите

Нашите граѓани се почесто се жалат на измами...

Бидете внимателни кога нешто купувате преку интернет – оваа жена останала и без пари и без патики…

Една скопјанка која сакаше да си купи нови патики преку интернет, остана и без пари и без патики, но и без картичката.

И како што вели оваа жена, сакала да порача патики од брендот Саломон кои се рекламирале на Фејсбук, па истите ги порачала преку интернет продавница, бидејќи се продавале со попуст од 70 %.

„Откако ја направив уплатата од 65 евра веднаш видов дека нешто не е во ред со кодот за следење на пратката, па решив да ги контактирам. Но наместо некаков одговор, повторно добив инструкции каде што треба да внесам податоци, за кои верувам дека повторно ќе бидат злоупотребени“.

Реклама

И како што кажува оваа скопјанка не само што останала без патики и без пари, таа морала и да ја стопира кредитната картичка.

Илустрација

Овие измамници се уште се активни на социјалните мрежи, имаат интернет продавници кои изгледаат како вистински.

Маркетинг

Покрај брендот Саломон, имаат и страница за уште еден многу познат спортски бренд, каде продаваат нови модели со големи попусти и на тој начин ги привлекуваат своите идни жртви.

„Но очигледно дека и ова е измама, па откако ќе ги уплатите парите, испораката ќе ви биде гарантирана, но ништо од неа“, вели оваа жена.

Илустрација

Нашите новинари се обидоа да стапат во контакт преку броевите што се оставени на интернет страницата, но безуспешно.

Испративме и прашања на веб адресата што е оставена, но не добивме одговор, а линковите кон нивните профили на социјалните мрежи се непостоечки, што дополнително фрла сомнеж на целата работа.

Станува збор за кривично дело измама, па доколку бидат пријавени од страна на оштетеното лице, полицијата ќе ги спроведе потребните мерки за идентификација на сторителот на ова дело.

И бидејќи ваквите случаи се секојдневие во нашата земја, ги советуваме нашите читатели да бидат крајно внимателни кога сакаат да купуваат нешто преку социјалните мрежи и да избегнуваат нерегистрирани продавачи и непроверени интернет адреси од непознати продавници за да го намалат ризикот.

Па, бидете внимателни, не оставајте ги вашите лични податоци и не верувајте во сé што ќе видите на интернет, па дури и кога има рецензии на производите – ваквите измами се случуваат секој ден.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button