Новости

На плоштад Македонија сепак ќе има забава за Нова година – Љубојна, Нокаут, Ареа и Сара Мејс

Град Скопје конечно објави дека ќе организира новогодишен дочек на градскиот плоштад „Македонија“.

Advertisement

Изборот на пејачи кои ќе ги забавуваат скопјани и гостите на Скопје, на главниот плоштад Македонија, бил направен по распишан конкурс.

Така, за новогодишната ноќ ќе настапат Љубојна, Нокаут, Ареа и Сара Мејс.

Advertisement

Забавата на 31 декември ќе започне во 19:30 часот.

Потсетуваме, музичарите кои настапија лани за Нова година на плоштадот „Македонија“, го обвинија Град Скопје дека не им се исплатени хонорарите за настапот кои им биле ветени. Комората за музичка индустрија поднела тужба во име на 50-на уметници кои не добиле никаква исплата. Од Град Скопје пак, одговорија дека не должат ништо на музичарите со кои не ни потпишале договори и најавија тужба за Комората која беше организатор на новогодишниот дочек изминатите две години.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button