MAMAДом и семејствоПрепораки

На малата Нефес сега сме ѝ најпотребни – девојчето со тумор на мозокот чека на нашата човечност

Секој нов ден за Нефес е тивка битка, а секоја донација претставува искра што го осветлува патот кон животот без болка, без туморот на мозокот. Таа има шанса да се излекува, ајде да ѝ ја подариме заедно.

Advertisement

Малата Нефес Вејселова е девојче кое треба да ужива во своето детство, да игра и да расте безгрижно. Но, нејзиниот живот денес е исполнет со болка и неизвесност. На ова преслатко шестгодишно девојченце му е дијагностициран тумор на мозокот, а единствениот начин да добие шанса за здрав и нормален живот е итна операција во Турција.

принтскрин

Според протоколот издаден од Градската болница „Анкара Билкент“, на Нефес ѝ е потребна хируршка интервенција – ексцизија на глијален тумор со микроскопска техника.

Advertisement

Интервенцијата предвидува операција, хоспитализација, престој на одделението за интензивна нега, со сите потребни постоперативни тестови и третмани.

принтскрин

Цената на целиот третман изнесува 25.000 американски долари, а семејството на Нефес не е во можност да ги обезбеди средствата. Дополнително, секој ден престој на одделението за интензивна нега чини 1.000 долари, што ја прави борбата уште потешка.

За едно просечно семејство ова е недостижна сума, но за Нефес тоа е единствена шанса за живот.

Advertisement
принтскрин

Семејството моли за донација кој колку е во можност, зашто знаат дека долколку успеат да ги соберат неопходните средства, нивната ќерка има шанса да биде спасена. Сепак, сами не можат да се изборат со оваа тешка судбина.

Нефес секојдневно се соочува со здравствени компликации, грчеви и слабост кои го ограничуваат нејзиното детство. Наместо да си игра со своите врсници, таа деновите ги минува по болници. Секоја донација, без разлика на износот, претставува надеж дека ова девојче ќе ја остави конечно болеста и болката зад себе.

Апелот е јасен: да се обединиме како општество на совесни и добри граѓани и да ѝ подариме на Нефес шанса за иднина. Хуманоста е она што нѐ прави луѓе, а токму во вакви моменти таа е најпотребна.

принтскрин

Секој што сака да помогне може да изврши уплата на донација на девизната сметка отворена во Комерцијална банка на име Љутвие Демирова:

Жиро сметка: 02-307-0689356-9

Да ја покажеме нашата заедничка солидарност, нашата човечност. Да покажеме дека Македонија има големо срце. Ајде заедно да ѝ подариме поубава иднина на нашата Нефес, да расте здрава, среќна и без болка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button