Реклама
Рецепти

Од рецептите на секси Перо – Мусака од компир!

Реклама

Нашиот пријател секси Перо, кој живее и работи во Австралија, за денес ни испрати еден многу-многу вкусен рецепт од традиционалната македонска кујна.

Маркетинг

Се работи за мусака од компир!

Да, нашиот секси Перо, главниот готвач во еден елитен ресторан во Австралија, за денес одлучи да ни покаже како се прави вкусната мусака од компир.

Приготвување:

Маркетинг

Говедското месо, кое треба да е мешано а не само кртина, се запржува со ситно исечканиот кромид. Кога месото е запржено се додава црниот пипер и се тргнува на страна на шпоретот.

Компирот се сечка на плочки, се мие и потоа половина од компирот се реди во тава претходно премачкана со масло, или пак ако сакате со маст, како што ја правеле нашите бабички. Потоа се нанесува целото месо во еден слој и над него се повторува постапката со редењето на исечканиот компир, се посолува целата тава и се става во рерна да се пече додека не добие црвеникава боја.

Кога овој дел од процесот на подготовка е готов, се матат јајцата заедно со млекото и смесата се налева врз мусаката, по што тавата повторно се враќа во рерна за малку да се потпече преливот. По овој чекор мусаката е готова за сервирање, било сечена на правоаголни парчиња или пак, по ваш избор.

За 4 порции мусака потребно е:

 Потребни состојки:

400 гр. Мелено говедско месо
120 гр. Мазнина
120 гр. Кромид
1,2 кг. Компир
600 мл. Млеко
2 Јајца
3 гр. Црн пипер
Сол по вкус

Пријатен апетит.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button