Атрактивен холивудски актер призна дека му се гади кога се бакнува со колешките
Холивудскиот актер Чарли Ханам, ѕвезда на некогаш популарната серија „Синови на анархијата” и несудениот Кристијан Греј во еротската трилогија „Педесет нијанси на сиво”, според многумина живее живот од соништата.
Многумина би дале сé за да можат да бидат на неговото место.
Холивудскиот актер Чарли Ханам, ѕвезда на некогаш популарната серија „Синови на анархијата” и несудениот Кристијан Греј во еротската трилогија „Педесет нијанси на сиво”, според многумина живее живот од соништата: добро заработува, а за време на снимањето на филмови и серии има можност да се бакнува со некои од најубавите жени на светот. Но, 36-годишниот актер, како што тој самиот призна, токму тоа за него е најлошиот кошмар. Имено, русокосиот убавец од детството се бори со фобија и страв од бактерии, па како најлошиот дел од својата работа ја наведува токму размената на нежност со своите колешки.
„Цел живот слушам дека сум среќник, затоа што можам да се бакнувам со многу убави жени, но за мене тоа е страшно”, искрено призна.
За жал на неговите обожавателки, Чарли во реалниот живот сака само една жена. Станува збор за 33-годишната дизајнерка на накит Морган МекНелис, со која е во врска цели 12 години. Минатата година, Морган се најде на удар на неговите обожавателки кои постојано ја навредуваа на социјалните мрежи, поради што мораше да реагира и самиот Чарли.
„Ако сакате да бидат злобни, бидете такви спрема мене, а мојата сакана оставете ја на мира. Она што најмногу ме чуди е тоа што таквите девојки кои постојано ја навредуваат се нарекуваат мои обожавателки“, порача тогаш згодниот актер.