Реклама
Култура[тор]

Глувците од Марс доаѓаат на de:sonanz фестивалот во Скопје

Реклама

„Популарното ексцентрично дуо Маус он Марс ќе настапат во Скопје во рамките на 3 то издание на de:sonanz, фестивал за електронска музика и медиумска уметност.“

Фестивалот ќе се одржи на неколку локации во Скопје од 30 септември до 8 октомври.

Маркетинг

Дуото Mouse on Mars ни доаѓа од Германија (Jan St. Werner од Köln и Andi Toma од Düsseldorf) и тие создаваат електронска музика од 1993 година. Нивната музика е еден своевиден микс на IDM, krautrock, disco и ambient музиката дополнета со аналогни звуци и модулации на звучните фреквенции. Нивната музика содржи и конвенционални инструменти како што се strings, brass, drums, bass и guitar.

Инаку овие двајца артисти се знаат од нивното најрано детство (тие дури и се родени во ист ден и во иста болница), а нивниот прв албум, Vulvaland, ќе биде издаден во 1994 година за Британскиот лејбел Too Pure. Потоа следува Iaora Tahiti, и ред други албуми.
ВО 90 та тие соработуваат со Stereolab, а резултатот од оваа нивна соработка може да се слушне на албумот на Stereolab, Dots and Loops, како и нa EP-то на Mouse on Mars – Cache Cœur Naïf. Следуваат уште многу други успешни сорабтки со познати музичари, ремикси, EP-ја и албуми, а меѓу нив е и соработката со  Mark E. Smith од The Fall во бендот Von Südenfed во 2007-та.  Од оваа соработка излезе албумот “Tromatic Reflexxions”.

Маркетинг

Инаку на самиот фестивал покрај електронските работилници и едукативната програма која што овој пат ќе ги надмине возрасните и географските граници, значаен сегмент од програмата се настапите на македонските артисти Андреас Херц и Мирко Попов. Тие ќе добијат и визуелна подршка од xx+xy visuals, псевдонимот на македонската видео-артиска Слаѓана Богеска.

{youtube}iG-CLFPU6RY{/youtube}

Соработката на Mouse on Mars со Mark E. Smith
и нивниот прв сингл од албумот ‘Tromatic Reflexxions’, May / June 2007.

alt

За останати текстови, кликни тука!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button