Морничав детаљ што досега никој не го забележал кај таткото на Зоран Марјановиќ (фото)
Ова досега никој го нема забележано
Убиството на фолк-пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ повеќе од година дена ја интригира јавноста во регионот. Откако нејзиното тело беше пронајдено на 3 април 2016 сите се сомневаа во семејството Марјановиќ, првенствено на сопругот Зоран, кој е уапсен на 15 септември оваа година. Но она што е интересно, а како што пишува порталот Еспресо.рс, на лицето на свекорот Владимир Марјановиќ досега ниту еднаш не можело да се види тага или загриженост, а на фотографиите тој постојано е насмеан.
Тој беше насмеан и неколку дена по погребот, кога излегуваше од дворот, а единствената знак дека е во жалост беше црната облека што ја носеше. Погледнете ги и другите фотографии на кои се гледа дека секогаш е насмен – кога излегува од сослушувањето во полиција, од посетата на син му во затворот, кога со семејството оди на судење …