Холивуд

Познатата актерка повторно се разведува – не е природно да се биде моногамна личност

Advertisement

Скарлет Јохансон и францускиот новинар Ромејн Дуријак и официјално го завршија двогодишниот брак од кој ја имаат тригодишната ќерка Роуз.

Advertisement

Иако светските медиуми очекуваа драматичен епилог на љубовната приказна помеѓу преубавата американска актерка и нејзиниот сопруг, парот својот брак го заврши достоинствено, коректно и без многу медиумска помпа.

Како причина за разделба се наведува популарниот термин „непремостливи разлики“ а деталите поради која ја донесе одлуката убавата актерка одлучи да ги зачува само за себе. „Остануваме блиски пријатели и родители, а старателството над нашата ќерка ќе го делиме заедно како таа би пораснала во најдобри можни услови, опкружена со љубов“ пишува во официјалната изјава на сега веќе поранешен брачен пар, пренесува US Weekly.

Advertisement

Преубавата русокоса актерка веќе во неколку медиуми потполно искрено зборува за своето искуство како мајка и родител, признавајќи дека тоа и е најважна животна улога која и донесе бескрајна среќа, но и многу предизвици. Позната по својата отвореност, таа призна и дека не е потполно уверена во поимот моногамија. „Мислам дека идејата за бракот е многу романтична. Всушност самата идеја е преубава. А практикувањето на истата може да биде убава работа. Сепак, мислам дека не е природно да се биде моногамна личност“ изјави искрено Скарлет за американското издание на Плејбој на почетокот од оваа година, а најверојатно нејзините ставови кумуваа и за крајот во љубовта со маркантниот француски новинар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button