Многу време поминувате зад воланот? Тогаш прочитајте ги овие молитви…

Многумина од нас секојдневно се зад воланот, извршувајќи некои основни потреби. Еве некои молитви кои можете да си ги кажете пред патување.

ФОТО: Printscreen youtube

Молитва пред патување

Господе Боже, мој Оче, ти си мој Бог! Нека ме води твојата мудрост, твојата милост дека не поддржува, твојата љубов нека ме радува, твојата вистина нека ме штити, твојата моќ нека ме чува. Исусе Христе, Божји сине, мој спасителу, ти се радувам Тебе. Твојата мака е мој спас. Господе, прати ми ја твојата помош, па секоја наша работа да ја започнуваме и да ја завршуваме со тебе. Подај ни милост на патот кој се спремаме да тргнеме, да бидеме сигурни и да патуваме со твој благослов, па да стигнеме до посакуваната цел. Амин.

Молитва за среќен пат

Семоќен наш Боже, услуши ги нашите молитви и дај ни среќен пат и мирно време, сочувај не’од сите неволји и несреќи. Нека нашиот пат биде пратен од Твојот свет ангел, па мирно и сигурно да стигнеме каде што сме тргнале, а и радосно да се вратиме во својот дом. Амин.

ADVERTISEMENT

Молитва за заштита од несреќи

Господе Боже, кога седам зад воланот, дај ми цврста рака за никого да не повредам. Ти го создаде сечиј живот и ниеден мој чин не смее да им наштети на другите. Чувај ме од несреќи мене и сите кои се со мене. Не давај да изгубам контрола и да ја заборавам вредноста на човековиот живот. Исполни ме со одговорност и дај ми сила. Амин.

Facebook Comments
(Visited 313 times, 1 visits today)
Loading...