Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Молитви за бракот и за потешкотиите во брачниот живот

Реклама

Молитвата има моќ да смири и да ви даде прибежиште во моментите кога ви е најтешко. Во продолжение ви прикажуваме 2 молитви кои се наменети за оние кои страдаат во бракот и за брачните потешкотии.

ФОТО: unsplash.com

Молитва за оние кои страдат во бракот

Боже, ти кој даруваш љубов и добрина, со своите молитви ти ги принесувам сите оние кои во својот брачен живот носат тешки кризи, недоразбирања, измами, злоставувања, горчина, болка. Направи секогаш да веруваат во тебе и во своите тешки моменти да пронајдат утеха во тебе, а ти благослови ги. Чувај ги со својата сила, дарувај им милост, утешни зборови и дела. Нека се издигнат од сите потешкотии, верувајќи во подобро утре кое ти им го ветуваш. Слава ти. Амин.

Молитва за во брачни потешкотии

Оче небески, никогаш не помислував дека еден со друг можеме да си нанесеме толкава тага. Секогаш одново гледам колку е тешко да се љуби и колку сме слаби. Помогни ми да можеме да си простуваме еден со друг. Дај ни да се запознаеме со она што сме го направиле погрешно. Дај ни секогаш да го наоѓаме патот кој не’ води еден кон друг. Не дозволувај да пропаднеме, туку нашата љубов да созрева.

Маркетинг

Помогни ни, Господе, секој ден одново да го започнуваме со љубов и разбирање. Амин Оче наш.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button