Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Молитва за најмилите: „Ти благодарам Господе за секој член на моето семејство“

Реклама

Семејството е најголемиот дар од Бог. Семејството е овде да ни пружи утеха, радост, стабилност, волја за иднината. Во продолжение прочитајте ја оваа кратка молитва за нашите најсакани – членовите од семејството.

ФОТО: eleteia.org

Господе Исусе, ти благодарам за секој член на моето семејство. Верувам дека секој од нив е Твој посебен дар за мене и повик да настојувам да ги направам среќни. Своите сакани деца ми ги подари мене, да бидат мои деца, во мојот дом. Прости ми што многу пати со нив не постапувам како со Твои деца. Прости ни ги гревовите на сите кои сме си ги направиле еден против друг, против Тебе.

Господе, ти ги предавам своите семејни проблеми и Те молам да ни дадеш мудрост и сила да го поправиме сето она што е себично, што не е љубов, што е криво и неисправно во нашето семејство, се’ што не е по Твоја волја и што ја разединува нашата семејна љубов и среќа.

Маркетинг

Дојди, Господе Исусе, дојди во мојот живот, влези во моите семејни проблеми. Опкружи го секојдневно секој член од моето семејство со своите ангели, заштити не’ од секакви зло, чувај не’ од секакви опасности и страдања. Нека мир ја исполни оваа наша куќа и мирот да остане со нас сега и секогаш. Верувам во зборовите на Твојот Господин: „Верувај во Господ Исус Христос и ќе бидеш спасен, ти и Твојот дом!“

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button