Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Мирот е најважен во еден брак, а за да го добиете помолете се со оваа молитва

Реклама

Љубовта е најубавото нешто што може да му се случи некому. Но, понекогаш во бракот доаѓаат искушенија и зла, кои може да ве оттргнат од крстопатот и да ви ја украдат радоста. За да не дозволите да се случи тоа, помолете се со оваа молитва и внесете мир во вашиот брачен живот.

ФОТО: zoosk.com

Господи Боже!

Ти не’ благослови да живееме во мир, едномисленост, во чистота и во взаемна љубов, преку врските на мирот да бидеме едно тело. Но, Пречист Владико, поради ѓаволски искушенија и заради нашите човечки слабости, нашиот брачен живот се растројува. Благословот на мирот и едномисленоста, што го исполнува со радост нашиот брачен живот, ги нема веќе со нас. Загрижувачки сенки на нечистота паѓаат врз нашите взаемни односи, изчезнува љубовта што не’ врзуваше.

Маркетинг

Непријателот на човечката среќа и неговото спасение жестоко ја напаѓа нашата домашна црква. Затоа, Господи Боже, со милозливо срце коленичам пред Твоето величие и се молам кон Твојата благост – врати ни го мирот, врати ни ги едномислението и разбирањето.

Сврти го расејаното и помрачено срце на мојот сопруг (мојата сопруга) кон Твојата волја, кон бракот од Тебе благословен, отстрани ги желбите на неговото (нејзиното) срце од нечистотии и од опасниот пат и приврзи го кон неговите (нејзините) чеда, за да царува радоста во нашиот дом и да се слави Твојата сила и добрина. Ти си секогаш брз закрилник кога сме во мака.

Маркетинг

Амин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button