Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Молитва: „Господе, моето будење е како нов почеток…“

Реклама

Секој нов ден носи нова надеж, нови можности за исполнување на она што сме го зацртале и она што сме го посакале. Секој нов ден ни треба благослов и Божја рака за да можеме смирено и праведно да тргнеме во извршување на нашите обврски. Секој нов ден е нов почеток, нова радост. Во продолжение ви прикажуваме една кратка молитва со која му се заблагодаруваме на Бог за она што ни го дава во секој нов ден.

ФОТО: crosswalk.com

Господе, моето будење е како нов почеток: Полн со надеж, верба и очекувања. Овој ден го започнувам со многу отвореност. Прво, те поздравувам Тебе, Господе, Боже мој. Те повикувам да дојдеш заедно да бидеме во овој мој ден. Моите часови се полни со можности.

Повторно се’ ќе биде добро, затоа што Ти ми помагаш. Многу работи ќе дојдат, како и во другите денови, зашто јас сум насочен кон својата цел. Сепак, овој ден е нешто посебно, затоа што можам и сакам да ја исполнам волјата Твоја.

Маркетинг

Помогни ми денес да живеам свесно и радосно. Дај ми разбирање за своите блиски. На сите кои ќе ги сретнам денес да им дадат добрина, љубов, верба и радост.

Во овој ден, ослободи ме од лошите навики. Дај ми сила за овој нов почеток. Ослободиме од скриените стравови. Успехта и радоста се дар Твој. Денес со твоја помош можам да успеам во многу работи. Со тебе овој ден е поубав.

Маркетинг

Ти благодарам Боже,

Амин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button