Реклама
Интервју

Мојот живот во неколку комбинации – Фросина Дамјановска

Реклама

Омилените комбинации на нашата модна блогерка Фросина

Фросина е една од најпознатите модни блогeрки во Македонија. Нејзините прекрасни комбинации можете да ги погледнете на модниот блог Frosinna.com. Таа има стил кој многу не потсетува на оној на калифорниските девојки (Џиџи Хадид, Хејли Болдвин и Кендал Џенер) со префинета доза на гламур и комбинирање на парчиња од високата мода со комерцијалните брендови. Со други зборови Фросина е една од оние девојки кои навистина знае како треба со облеката, а денес со нас ги сподели нејзините омилени комбинации – по една викенд, деловна и street style комбинација, како и едно шик издание кое и е омилено за вечерни пригоди.

Маркетинг

Кои се твоите први контакти со модата?

Постојано ги следев светските модни блогери и секојдневно црпев инспирација од нив. Пред четири години решив мојата креативност да ја искажам со свој сопствен блог, преку кој навлегов малку подлабоко во модниот свет. Меѓу првите соработки кои ги остварив е соработката со „Unique Magazin“ која се случи за многу краток период откако го отворив блогот, потоа следуваше проектот со српската дизајнерка Јелена Димитријевиќ, па соработките со фотографите Марко Пекиќ и Ана Крстиќ, соработката со Women’Secret, Skopje City Mall, Wonderlust и многу други. Денес можам да кажам дека со задоволство го работам моето хоби.

Маркетинг

STREET STYLE

Фросина во нејзината омилена street style комбинација носи тексас сукња со ретро крој од Pull & Bear, краток топ со спуштени раменици од„Koton“, чокер огрлица и шик сандали од Zara

Три збора со кои најдобро би го опишала твојот стил?

Тоа сум јас! :)

Твојот омилен хаштаг кога објавуваш модни фотографии?

#bloggerslife

BUISINESS MEETING

Ова е втората комбинација според изборот на Фросина наменета за деловни пригоди. Таа на оваа фотографија носи панталони, сако и кошула oд Zara во нежна розова боја, чанта во слична нијанса од „Carpisa“, високи потпетици во металик нијанса од „Perla“, часовник „Fossil“, и очила за сонце од култниот српски дизајнерски бренд Prey Eywear (Wonderlust)

Твојот омилена модна блогерка на Инстаграм?

Alina Ceusan (@alinaceusan)

Како според тебе треба да изгледа една современа деловна жена?

Пред се професионално, секогаш средено и модерно, не премногу секси и удобно.

{youtube}aBZGovoBDmk{/youtube}

Што мислиш дали нашите девојки ги следат трендовите?

Да, во Македонија има многу девојки кои редовно ја следат модата. Сепак, според мене, покрај најновите модни трендови, секоја девојка треба да вметне и нешто свое како во исто време би изгледала модерно, но и оригинално.

WEEKEND WEAR

Опуштено викенд издание на Фросина …

Твојот омилен моден додаток?

Во последно време обожувам да носам чокер-огрлици, а клуч-чанти со рачка отсекогаш биле мојот омилен моден додаток

Омилен козметички производ во твојот несесер?

Серум -Estee Lauder Pore Minimizing, црвен Кармин -MAC Retro Matte Ruby Woo, виолетов мат липстик – MAC Retro Matte Liquid Lipcolor, течна пудра-Estee Lauder Double Wear Light, како и коректорот MAC Prep+prime

Шик чанта од „Carpisa“, фустан од „H&M“ и тренди проѕирни чизми – Jennie Ellen (online shop)

Кои се твоите омилени македонски и светски дизајнери?

Од македонските дизајнери Тања Кокев ја издвојувам како омилена, ги обожувам креациите на српскиот дизајнер Михано Момоса, а омилен светски дизајнер Оливер Рустанг од престижната модна куќа Балман

Омилено место за шопинг во Скопје?

Омилено место за шопинг во Скопје ми е Скопје Сити Мол, секако. Што се однесува до брендовите, би ги издвоила продавниците на Zara, Carpisa, Women’Secret, Aldo, Massimo Dutti – како дел од моите омилени места во кои често пазарам.

Дали купуваш преку интернет и која е твојата омилена интернет продавница?

Да и тоа многу често. Обично купувам од онлајн продавниците на самите брендови кои ги нема кај нас, а понекогаш наоѓам и добро парче облека или модно парче од познатата интернет продавница Asos.com

NIGHT ON THE TOWN

Монохроматско издание на Фросина со сако/фустан кој е рачна изработка (Balmain) и прекрасни високи чизми над колена од Zara.

Нешто што никогаш не би го носела?

Фармерки или шорцеви со низок струк, воопшто не се чувствувам удобно во нив.

{youtube}Nf-FLiO4p3c{/youtube}

Омилена песна на твојата плејлиста за овој месец?

Kungs – Don’t you know

Омилен филм или серија поврзани со модата?

Филмот за Коко Шанел и Сексот и градот, секако!

Фото: Дајман Крстевски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button