Реклама
Интервју

Моден едиторијал „Love & Power” на Данило Павловиќ

Реклама

Дали Зоран Чумура има големи барања за да се направи една фото сесија, лесно ли е да се има Зоран пред објективот?

Маркетинг

 ЗОРАН ЧУМУРА: 

Јас немам големи барања што се однесува до снимањето и сликањето, во принцип сакам на снимањето да има луѓе кои ги познавам и да нема многу непознати лица кои прават непотребна гужва… Во принцип сакам добро да се забавуваме и да не брзаме.

Маркетинг

Мислам дека не е тешко да ме имате пред објективот бидејќи имам доста искуство од двете страни на камерата, многу пати во животот ме сликале мене, а од друга страна и јас сум направил многу фризури, шминки и стајлинзи за други луѓе, така што знам како одат работите. Последните години главно се сликам само за работи кои ми се допаѓаат така што секогаш се сликам со задоволство што е многу важно за сé да оди побрзо и снимањето да не трае премногу долго па да стане заморно.

Имавме прилика да бидеш наш гостин во Скопје и искрено, заклучивме дека не е лесно да се биде Зоран Чумура. Колку време трошиш на себе?

 ЗОРАН ЧУМУРА: 

Во Скопје си поминав прекрасно и запознав многу прекрасни луѓе од бизнисот. Задоволство ми е што барем на кратко можев да ја покажам мојата работа во вашиот град и се надевам дека ќе има уште многу прилики за соработка.

На себе не трошам многу време на себе бидејќи од многу работа не можам да стигнам да си посветам внимание. Со текот на годините научив релативно брзо да се подготвам ако ми е исфенирана косата и знам што ќе облечам. Најмногу време трошам ако почнам да размислувам дека немам што да облечам, па потоа ништо не ми се допаѓа .. и на тоа го загубам времето.

Модел: Зоран Чумура
Фотографија: Данило Павловиќ

Фризура & шминка: Зоран Чумура
Локација: Белград

Стајлинг:
Брош – Дарко Костиќ
Бела кошула – Борис Николиќ
Црна кошула и панталони – Тијана Павлов 
Корсет – Стефан Голубовиќ

Автор: Амет

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button