Моден адут на Кејт Мидлтон кој им стои добро на сите жени
Кејт Мидлтон има беспрекорен стил
Кејт Мидлтон изгледа беспрекорно и кога не е во своите спектакуларни свечени креации и тијари со кои изгледа како на филмска сцена. Таа носи и ефектни секојдневни стајлинзи, а облеката со риги е моден адут за кој можеме да кажеме дека и стои совршено особено во комбинации кога носи фармерки. Тоа можевме да го видиме и пред неколку дена кога наместо високи потпетици носеше лежерни бели патики од брендот Superga, црни skinny фармерки и целата комбинација дополнително ја нагласи со шик бела блуза со риги.
Еве од каде да си купите облека со која ќе изглeдате како Кејт Мидлтон >>
Овој пат станува збор за брендот Luisa Spagnoli додека нијанса на гламур додаде со обетките со потписот на дизајнерката „Kiki McDonough“.
Овие обувки со полна пета и се омилени на војвотката од Кембриџ >>
Бидејќи облека со риги носеше и минатата година, на снимањето за британското издание на Вог, очигледно е дека принцезата многу добро знае со кои модни класици не може да згреши и со кои постојано ќе биде во тренд.
На следната страна погледнете како војвотката го фура овој тренд >>