Кожа и нокти

Mлеко и јогурт за убава и чиста кожа

Јогуртот е незаменлив производ во нашата секојдневна исхрана – го помага варењето на храната, делува антисептично, подмладува. Често се користи и во диетите за слабеење.

Јогуртот одамна се користи и како средство за зачувување на свежината и влажноста на кожата, како и за успорување на процесот на појава на брчки. Јогуртот може да се користи за сите типови на кожа, и одлично се комбинира со други намирници. Еве неколку брзи и едноставни рецепти:

• Сите знаеме дека јогурт или кисело млеко се користи при прекумерно сончање – ја лади и освежува кожата и спречува појава на изгореници.

• За да спречите прекумерно црвенило на кожата од сончање, пред да се изложите на сонце нанесете на лицето малку јогурт измешан со сок од лимон.

• Јогуртот во комбинација со изрендани ротквици ја спречува појавата на пеги од сонцето, а доколку веќе се појавиле, со користењето на оваа маска брзо ќе исчезнат.

• Јогуртот измешан со бадемово масло ја храни кожата и го спречува нејзиното стареење.

• Маската од јогурт, сок од морков, лимон и лажичка мелен ориз е одлична маска против појавата на брчки.

• Јогуртот помешан со морска сол е одлична комбинација против прекумерно мрсење на кожата. Откако солта ќе се растопи, смесата се нанесува на лицето со парче газа, се остава да делува десетина минути и се измива со топла вода или со чај од камилица.

Покрај тоа што е идеална храна и додаток на многу јадењеа, млекото уште од најстари времиња се користи и за нега на кожата.

• Ако во чај од нане додадете млеко ќе добиете одлично средство за чистење на лицето од шминка. И чистото млеко можете да го употребувате за отстранување на шминка, но неварено. Млекото го чисти лицето и го храни со витамин А.

• За третман на мрсна кожа направете маска од млеко и изгмечена праска.

• На сувата кожа поволно делува млеко измешано со сок од краставица.

• Млеко и морков се посилна комбинација, но во овој случај кожата добива потемна нијанса – значи само за летно време!

• За лечење на нечиста кожа пробајте маска од блитва сварена во млеко.

• Додадете четврт литар млеко во половина литар сок од краставици, варете ги околу пет минути и ќе добиете одличен млечен лосион. Најдобро е да го чувате затворен во шише и во фрижидер. Користете го секојдневно за чиста, здрава и убава кожа.

• Млекото со неколку капки масло одлично ќе ја нахрани сувата кожа и ќе помогне во регулирањето на природната влажност.

• Млекото помешано со кој било овошен сок со кисел вкус делува многу поволно на мрсната кожа – го чисти површинскиот слој, ги суши акните и бубулиците и ја освежува кожата.

• Понекогаш може едноставно да се измиете со малку млеко – и тоа ќе биде доволно за поубав изглед на вашата кожа!

Види што има ново во Модерна, ТОП рубрика само за жени…

Маркетинг

Поврзано

Back to top button