Вести

Младиве дечки ја стресоа скопската рок сцена – еве што е најново од „Преку ред“ (Видео)

Advertisement

Тие се млади, перспективни и најважно од сѐ, ентузијасти се. Името на нивниот бенд е „Преку ред”, а тие ветуваат дека публиката допрва ќе слуша за нив.

„Преку ред” настана во 2021 година, а се состои од: Антони (вокал), Христијан (гитара), Рас (тапани), Никола (бас) и Петар (ритам гитара). Во првата година, бендот бележи голем број на настапи во клубови низ Скопје. Во јули 2022 година ја објавуваат својата прва песна ,,Ќе те барам”, која достигнува 20.000 преслушувања на музичките платформи. Следуваат настапи на Пиволенд, Андерфест, Добра Идеја во МКЦ, Ослободуење на Скопје и уште неколку фестивали низ Скопје и Македонија.

Advertisement

Првиот албум на бендот, насловен ,,Хаос”, е објавен во јули 2023 година и во него се пее за ноќниот живот во Скопје и сé што следува по него. Летото 2023 година, се случува првата турнеја, ,,Хаос 23′”, која вклучува настапи во 10 градови низ Македонија.

На почетокот на 2024 година бендот најави нов албум, со нов звук и нова перспектива кон она што го доживуваат.

А, сега слушнете ја нивната најнова песна „Не си ти“.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button