Огласи
Бизнис

Младите треба да работат БЕЗ ПЛАТА година дена – вели Олгица и веднаш го изнервира целиот Балкан

Не мислете дека сте од Бога дадени, изјави оваа бизнисменка во своето интервју

advertisement
advert

Олгица Самоиловиќ е жената која стои зад козметичкиот бренд „Hedera Vita“ кој е препознатлив по своите природни препарати.

Станува збор за бренд кој може да се најде и на полиците во Македонија, но и низ целиот свет, а кој на својата официјална Инстаграм страница вели дека нивните призводи се создадени со користење исклучиво на билки со Балканско потекло (браво за ова!), каде што се простираат најчистите еколошки билни пространства.

Олгица неодамна се најде во центарот на вниманието со гостување во еден поткаст кога за младите кои тукушто треба да се остварат професионално им порача дека треба да работат без плата година дена, со што предизвика бројни негативни реакции.

реклама

И како што вели таа, младите не треба да испуштат прилика да работат во добра фирма, па дури и ако треба да работат за без плата.

„Тоа е она што јас им го кажав на студентите пред неколку дена кога држев едно предавање – работете без плата година дена. Не мислете веднаш дека вие сте од Бога дадени. Вие доаѓате на работа и веднаш прашувате колкава ви е платата. Па таков некој кога ќе дојде, мене веднаш не ми е добро, веднаш прашувам Добро, а што ти знаеш да работиш? Кое е твоето искуство? Значи не знаеш ништо, затоа врати се на почеток“ изјави тогаш Олгица.

Godinu dana bez plate i da budete srecni
byu/ConstructionLeast765 inserbia

Марpкетинг

Нејзината изјава кружи на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции од кои повеќето се крајно негативни, а повеќе од јасно е зошто на многумина им е спорна. Но ако се преслуша целото видео во кое што таа зборува за своето искуство и ја раскажува својата приказна во врска со тоа како успеала во животот, веднаш се стекнува впечаток дека изјавата е извлечена од контекст.

Од овие причини и самата Олгица тогаш се огласи, па појасни дека изјавата за „работа без плата“ која предизвика негативни реакции е извлечена од контекст и дека се однесувала исклучиво на нејзиното лично искуство кое и помогнало да стекне знаење кое подоцна го искористила во нејзиниот бизнис.

Олгица тогаш им се извини на сите заради своето непрецизно излагање и објасни дека нејзината намера не била да загрози ничии чувства и права, посебно не правото на работа и пристојна и добра заработка. И како што вели, таа отсекогаш се залагала за праведни услови на работа и адекватна заработка, што и самата го применува.

Имено, Олгица уште од млади години работела најразлични работи, па во еден момент одлучила да ја напушти работата во една фармацевтска компанија во Белград и да се врати во родната Лозница.

Кога го направила тоа имала 26 години и ја регистрирала фирма која се занимава со производство на сапун.

Набргу потоа таа тргнала во посета на аптеки и склучила договори за продажба на нејзиниот сапун, а по некое време го проширила својот асортиман така што денес произведува и многу други природни (феноменални, според многумина!) производи кои се наоѓаат на полиците ширум регионот, но и во целиот свет.

Бонус видео

Од живот на село, до успешен бизнис

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button