Реклама
Хороскоп

Митови и легенди: ВЕНЕРА, божица на љубовта и на убавината

Реклама

Афродита на грчки, Венера на латински – божица на љубовта и на убавината, најубавата божица во античките митови.

venera prva

Еве ја божицата која се крие зад планетата Венера, планета на љубовта, и која е ’одговорна’ за постоењето на човештвото (или за ’петтиот’ елемент)!

Маркетинг

Раѓањето на Венера,

Сандро Ботичели, 1485-1486

Нејзиното потекло е нејасно. Според Хомер, таа била ќерка на Зевс, врховниот бог, и на Диона, божицата на дождот, но според Хесиод, таа се родила од морската пена која ја ополодил Уран, богот на небото и излегла од морето на островот Кипар. Било како било, Афродите, благодарение на својата убавина и на маѓиите со кои владеела, станала една од најмоќните божици. Ниту боговите, ниту луѓето не можеле да ὺ одолеат. Освен тоа, имала и многу помошници и помошнички: Харита, божица на шармот и на убавината; Хора, божица на годишните времиња; Пеита, божица на додворувањето и на љубовното убедување; Химена, божица на женидбата и, најпосле, Ерос, младиот бог на љубовта од чии љубовни стрели не можело да се побегне. Бидејќи љубовта во животот на боговите и на луѓето имала многу важана улога, Афродита била многу ценета. Оној кој ὺ искажувал почест и кој ὺ принесувал жртви, можел да биде сигурен во нејзината наклонетост. Само, таа била по малку непостојана, а среќата што ја давала често била и минлива. Понекогаш, пак, правела вистински чуда какви што може да направи само љубовта. Така, на пример, на кипарскиот вајар Пигмалион му го оживеала мермерниот кип во кој тој бил вљубен. Своите миленици ги штитела на бојните полиња, во морските олуи и од сплетките и заверите на наперијателите. Знаела и да мрази, бидејќи омразата е родена сестра на љубовта. Плашливото момче Нарцис, кое поради клеветите на љубоморните нимфи ги презрел нејзините дарови, го довела до таму да се вљуби сам во себе си и на крај да изврши самоубиство.

venera vo italija

Маркетинг

Скулптура на Венера, Италија

Но, за чудо, таа самата немала среќа во љубовта. Имено, не знаела како засекогаш и трајно да задржи ниту еден од своиоте љубовници. Уште повеќе што ниту бракот не ὺ бил среќен. Зевс ὺ го одредил за маж Хефест, најнеугледниот бог, куциот и вечито испотениот ковач на боговите. Како надоместок за тоа, таа побарала утеха кај Арес, јаросниот бог на војната со кого имала пет деца (Ерос, Анерос, Дима, Фоба и ќерката Хармонија), потоа кај Дионис, бог на виното (од кого го добила синот Пријап), а помеѓу другите и кај Анхис, дарданскиот крал на кого му го родила синот Енеј, и кај убавиот Адонис, страсниот ловец за кого од Зевс измолила бесмртност.

venera treta

Афродита, скулптура позната како Венера од Мило, Париз

Од нејзините сплеткарења во бурните настани во светот на митовите, најдалекусежна последица имала нејзината наклонетост кон Парис, синот на тројанскиот крал Пријам. Како награда за тоа што во спорот со божицата Хера и Атина тој ὺ дал првенство на убавината, му ја ветила најубавата од сите смртни жени. Таа жена, според едногласното мислење на боговите и на луѓето, била Елена од Арг, жена на спартанскиот крал Менелај. Афродита му помогнала на Парис да ја одведе Елена во Троја. Менелај не сакал да се откаже од својата жена и барал да му се врати. Бидејќи Парис го одбил тоа, Менелај со помош на својот брат Агамемном, моќниот микенски крал, ги кренал сите ахејски кралеви во казнен поход против Троја. Под водство на Агамемнон, стотина илјади Ахејци отпловиле преку море и ја нападнале Троја. Афродита, се разбира, им помогнала на Тројанците, ама војувањето не ὺ била силна страна. Било, на пример, доволно стрелата на ахејскиот војсководец Диомед само да ја допре, па таа, плачејќи, да побегне од бојното поле. Во страшната десеготишна војна, во која учествувале сите тогашни херои и речиси сите богови, Парис на крај загинал, а по неговата смрт паднала и Троја.

venera petta

За најубавата – јаболкото на раздорот, повод за Тројанската војна

Се знае дека Венера владее со еден ден од неделата, со петок.

Прочитајте која боја на облека треба да носите тој ден, но и за тоа која боја е среќна за секој ден во неделата. Исто така, дознајте и меѓу кои хороскопски знаци страста е неисцрпна, а љубовта фатална.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button