Реклама
Наши ѕвезди

Мими и Марио од Македонија направија хаoc во „Ѕвездите на Гранд“ – КАРЛЕУША воодушевена, еве што му кажа на својот миленик!

Реклама

Големо браво за Мими и Марио од Македонија

Фото: Инстаграм

Мими Јовановска од Велес заедно со Марио Арангеловски од Куманово беа последниот пар што се појавија во третиот круг од „Ѕвездите на Гранд“.

Нивните ментори беа презадоволни како и жирито кое што го пофали нивниот дуел н во самиот крај од третиот круг.

Маркетинг

На младата девојка од Македонија ментор и е Џенан Лончаревиќ, додека на Марио контроверзната Карлеуша. Тие и двајцата беа воодушевени од своите кандидати, а Карлеуша го пофали Марио со следниве зборови:

„Беше најдобра до сега и многу ми е драго што напредувавме заедно. Ти со еден од моите најдраги натпреварувачи, некако ми се приврза за срцето“, откри Јелена, а Џенан додаде дека верува во својата кандидатка и дека е презадоволен како ги испеа песните и како се претстави пред публиката, но и пред неговите колеги од жирито.

Маркетинг
Фото: Гранд продукција

Инаку, велешанката и пред неколку месеци со својот генијален настап го остави без зборови жирито со интерпретацијата на два познати рефрена, меѓу кои и безвременската балада на Пепи Бафтировски, која многу години подоцна ја обработи и македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева.

Фото: Гранд продукција

Таа тогаш ги испеа „Ако згрешам нека изгорам“ од Пепи и „Животе мој“ од Уснија Реџепова со кои освои максимум гласови и замина директно во третиот круг.

Фото: Гранд продукција

„Пееше како часовник, швајцарец, оној најскапиот“ и кажа тогаш Марија, а Босанац и додаде: „Не беше добро туку феноменално. Ако свилата е нешто најубаво, ти си најсвилена. Не yби со твојот свилен глас, браво душо“ и порача тогаш тој . Пресреќен беше и нејзиниот ментор Џенан, а сите беа воодушевени посебно што Мими до самата проба ја немаше слушнато втората песна, но брзо ја научи и ја репродуцираше генијално, што посебно и се допадна на Марија.

Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Марија Шерифовиќ тогаш спомна дека Мими со тоа треба да им биде пример на сите кандидати кога ќе кажат дека не знаат некоја песна дека треба да ја научат како неа.

Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Мими Јовановска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button