Реклама
Celebrity

Милица Павловиќ порача: „Доаѓам во Скопје по пакет македонско вино и во потрага по момче“

Павловиќ вели дека ја слуша и обожува македонската музика. Посебно ги сака песните на Тоше Проески со кои вели дека пораснала, но ги спомена и оние на Каролина, Калиопи, Елен Ристеска, како и музиката на Влатко Стефановски.

Реклама

Една од најпопуларните регионални музички ѕвезди од помладата генерација, пејачката Милица Павловиќ во Скопје на 14-ти февруари ќе одржи концерт во салата „Јане Сандански“, во рамките на нејзината промотивна турнеја „Лав“.

На концертот Милица ќе ги промовира песните од последниот истоимен албум, но и ќе направи ретроспектива изведувајќи ги најголемите хитови во нејзината кариера.

На прес-конференција која се одржа во вторник, 28 јануари 2025 во Конгресната сала на С. Ц. „Јане Сандански“ пред бројните новинари од Македонија. но и оние кои беа дојдени од најзначајните медиуми од соседна Србија, таа го најави три ипол часовниот спектакл.

Маркетинг

Милица на прес-конференцијата дојде облечена во несекојдневна, провокативна ултрамодерна модна комбинација.

Скапите модни парчиња, модерно комбинирани изгледаа одлично на телото на згодната пејачка. Таа видно расположена и многу пријатна за комуникација со претставниците на медиумите одговораше на сите новинарски прашања.

Маркетинг

Меѓу другото, откри дека е соло, но дека е отворена за врска, а љубовта ќе ја бара во Скопје.

Како што кажа, во Скопје доаѓа по пакет најдобро македонско вино, но ако се пружи прилика и да си ја побара среќата со некое момче Македонче.

Павловиќ кажа дека ја слуша и обожува македонската музика. Посебно ги сака песните на Тоше Проески со кои вели дека пораснала, но ги спомена и оние на Каролина, Калиопи, Елен Ристеска, музиката на Влатко Стефановски.

На прес-конференцијата ја испеа српската верзија од некогаш големиот хит на Тоше Проески, песната „Ледена“.

Фото: Јованка Грозданоска

Павловиќ потенцираше дека ја сака и македонската храна. Особено не можела да одолее на благите работи кои ѝ се слабост, а ги пробала кога доаѓала во Македонија, меѓу кои ја издвои баклавата како број еден, за која рече дека е подобра и од онаа сараевската.

Милица зборуваше за сите останати детали од нејзината кариера љубезно одговарајќи и колективно и поеднечно на поставените прашања на љубопитниоте новинари, на кои им откри и дека има нова песна, потоа кои ѝ се најдобри пријатели на естрадата посочувајќи ги Ана Бекута и Саша Матиќ, го објасни пријателството и со Карлеуша, соработката со Саша Поповиќ и „Гранд“, зборуваше за детството и нејзините баба и дедо кои ја исчувале по разводот на родителите…

Фото: Јованка Грозданоска

Турнејата „ЛАВ“ продолжува во Скопје, каде што публиката ќе има уникатна можност да ужива во најголеми хитови и незаборавна енергија на божествената „секси сењорита“.

Таа најави свои гости на концертот, но нивните имиња ќе останат изненадување за публиката. Сепак, кажа дека се работи за две пејачки ѕвезди, една од Србија и една наша, од Македонија.

Фото: Јованка Грозданоска

Милица ги покани сите момчиња кои се во врска да им купат карти на своите девојки и заедно да дојдат да ја слават љубовта со нејзините песни и најдоброто македонско вино. Оние пак кои се соло, едноставно да им купат карти на оние кои им се допаѓаат и да гаи изненадат доведувајќи ги на нејзиниот концерт.

Концертот ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје, во петок, 14-ти февруари 2025 година, почеток: 20:30 часот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button