Таа е мајка на две деца, но без шминка и во тесни фармерки изгледа како тинејџерка
Мила Кунис се прослави со улогата во серијата „Луди седумдесетти” каде што се запозна со сегашниот сопруг Ештон Кучер.
Таа деновиве се прошета низ Беверли Хилс во кежуал издание.
Мила на црвениот тепих секогаш изгледа беспрекорно, додека во слободното време најчесто избира едноставна облека во која се чувствува убаво, а за разлика од многу нејзини колешки таа е и девојка која многу често можеме да ја видиме без шминка. Иако пред само четири месеци по втор пат стана мајка, Мила без потешкотии повторно се врати во форма.
Како да носиме фармерки во преодниот период >>
Убава актерка со украински корени, уживаа во ова опуштено издание во маица со риги, фармерки и патики. На лицето нема ни трага од шминка, а косата и е врзана во коњско опавче така што во ова издание 33 годишната актерка изгледа како тинејџерка.
Како да го изберете вистинското руменило за вас >>
Па, дали ви се допаѓа Мила во ова издание?
Одвратни се – најбизарните фармерки што сме ги виделе досега >>