Кејт донесе драстична одлука во врска со нејзната бременост, но тоа нема да и се допадне на кралицата!
Нови проблеми на кралскиот двор …
Британските таблоиди пишуваат дека Кејт донесе одлука во духот на традицијата на кралското семејство, но тоа нема да и се допадне на кралицата. Имено Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, се модерен пар и често не се држат до традицијата и правилата на кралското семејство, па новата одлука на војвотката ги изненади сите.
Наводно проблемот е во тоа што Кејт одлучи да се породи дома, а кралицата Елизабет, која и самата своите деца ги роди во Бакингемската палата смета дека во денешно време е многу посигурно породувањето да биде во болница. Причината поради која војвотката од Кембриџ сака да се породи во Кенсингтонската палата не е поради традицијата, туку затоа што на овој начин сака да ја избегне средбата со медиумите.
Откако ги роди Џорџ и Шарлот пред болницата беше дочекана од војска новинари и фоторепортери, и наводно лоши се чувствувала поради тоа. Таа оваа желба ја имаше и пред да ја роди Шарлот, но тогаш од идејата ја предомислиле Вилијам и кралицата.
Родителите на Кејт Мидлтон се разведуваат и треба да поделат имот од 42 милиони евра?