Michi колекција
„Нова линија на луксузна облека за вежбање, комбинација од модерен изглед и високо технолошка функционалност.“
Главниот мотив е онаа мана што сите ние ја имаме – кога ќе ви заѕвони будилникот во 7h. наутро за да одите да вежбате, па кога ќе помислите на старата тренерка за вежбање, ви доаѓа да се покриете и продолжите со умствените доживувања во сонот. Така барем размислувала Канаѓанката Michelle Watson – спортист и дизајнер – која има работено за Donna Karan, Kate Spade и Ralph Lauren во New York.
Овој свој нов дизајн Michelle самата го ставила на тест, со интензивни сесии од спортско танцување, боречки вештини, јога и џогинг. Авторката на овие парчиња облека, тврди дека не само што се со стил, туку исто така се удобни, ласкави и многу лесни за движење додека ги носите. Облекава е примарно направена од Швајцарски растегнувачки најлон во сите четири страни и сите модели доаѓаат во сива или класично црна варијанта.
Погледнете ги овие навистина симпатични парчиња на спортска облека, кои во себе носат една фина феминистичка и оригинална црта.