Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Голем месечен хороскоп за декември: Подгответе се за големи изненадувања

Реклама

Подгответе се за месецот кој ви носи големи изненадувања!

Овен

Овој месец вашиот фокус ќе биде на кариерата. Свесни сте дека имате големи одговорности и ќе преземете нешто за истите да ги исполните. Ќе се сконцентрирате на плановите за својата иднина, а време е да станете и поагресивни за да го постигнете посакуваното. нема потреба да зависите од другите луѓе и од други услови. Овој месец е одличен за позитивни промени. Планетите ви се наклонети и ќе ви ја пружат потребната сила за да го остварите посакуваното. Ве очекуваат многу акции и успех. Животот со саканата личност ќе ви биде хармоничен. А оние кои не се во врска имаат шанса за нова љубов.

Бик

Месец декември ви носи големи амбиции за вашата кариера, при што малку ќе го запоставите вашето семејство и љубовта. За да го остварите посакуваното, потребна ви е помош и од околината, па ќе мора да бидете флексибилни и да се прилагодувате на другите луѓе и ситуации. Главни точки на интересирање ќе ви бидат кариерата и нејзиниот развој, финансиската ситуација, патувањата. Вашиот партнер ќе се потруди да ги подобрите односите и ќе ви помогне кога најмногу ќе ви биде потребно.

Маркетинг

Близнаци

Развојот на кариерата ќе ви биде во фокус овој месец. Поставете си цели за иднината и фокусирајте се на нив. Ќе имате доста енергија која ќе ви донесе подобри резултати. Овој месец посветете се на љубовта ис оцијалниот живот, забава, креативност и духовност. На работното место ќе ви иде добро, а добри рпилики ќе имате после 22 декември. Многу ќе се трудите да ги усреќите саканите, а ќе сакате да бидете и идеален партнер.

Рак

Овој месец ќе бидете амбициозни, но не смеете да го занемарите семејството. Социјалните вештини ќе ви бидат важни и ќе сакате да им помогнете на другите. Вниманието ќе ви биде насочено кон кариерата, здравјето, физичките и љубовните односи. Не треба да се откажувате од вашите соништа. Оние кои се во потрага по работа, ќе имаат успех. Имате одлична интуиција кога се во прашање финансиите. Оние кои моментално не се во врска, во текот на декември може да очекуваат романтична средба. Романтика може да очекуваат и оние кои се во брак.

Маркетинг

Лав

Овој месец акцент ќе ставите на психолошките и семејните прашања. Кариерата и личните амбиции нема да ви бидат во фокусот. Повеќе ќе бидете преокупирани со минатото, отколку со плановите за иден развој. Мора да ги имате на ум интересите на другите луѓе. Потребна ви е поддршка за да ги остварите своите цели. Потрудете се да ја подобрите кариерата со помош на друштвени врски. Одличен период за љубов, врски, но и за бременост. Ќе имате доста забава и дружење.

Девица

Во месец декември кај вас ќе доминира емоционалната сигурност, а кариерата и амбициите за иднината нема да ви бидат во фокус. Може да дојде до промена на живеалиштето или реновирање на вашиот дом. Ќе бидете среќни гледајќи ги своите минати успеси, а нема да бидете фокусирани на иднината. Потребна ви е поголема соработка, а од особена важност е да научите да бидете флексибилни и да се прилагодувате на ситуациите и на луѓето. Мора да бидете иновативни за да ги подобрите своите финансики заработки. Оние кои се слободни овој месец може да пронајдат љубовен парртнер. Оние кои се во брак можеби ќе бидат подготвени да планираат дете.

Вага

Во месец декември вам ќе ви биде важна емоционалната хармонија. Грижата за семејството ќе доминира над професионалниот план. Повеќе ќе бидете свртени кон минатото, отколку кон иднината. Замислените работи ќе ви се одвиваат со голема брзина и ќе уживате во нив. Растот на кариерата нема да ви биде во фокус, туку ќе се насочите кон она што ве прави среќни. Заработките може да ги подобрите преку промоции, продажби и иновативни техники. Креативноста ќе ви донесе пари. Што се однесува до љубовта, важна ќе ви биде духовитоста. Некои ќе имаат можност да влезат во романтични врски.

Скорпија

Хороскопот ви предвидува дека во месец декември емотивните проблеми и проблемите поврзани со семејството ќе ви бидат од најголемо значење. Ќе бидете позитивни и нивото на енергија ќе ви биде високо. Ќе создадете своја позадина и нема да зависите од другите. Во декември можете да ги свртите луѓето и ситуациите во своја корист. Личните интереси ќе преовладуваат над другите. Главни области на интересирање ќе ви бидат финансиите, семејството, интелектуалниот развој и хуманитарните активности. Одличен месец за заработка. Што се однесува до љубовта, ќе го забавувате партнерот со својата смисла за хумор. Поминете одредено време заедно, а можно е да планирате и некои посериозни планови.

Стрелец

Овој месец ќе ви бидат најзначајни семејните случувања, а кариерата и амбициите ќе ви бидат во позадина. Ќе живеете во минатото и нема да бидете загрижени за иднината. Доминантни сте и ќе ги диктирате условите. Ја имате сета енергија за сами да ги постигнете своите цели. Овој месец ќе ви биде еден од најдобрите во текот на годината. Ќе барате телесни уживања и ќе им се препуштите на своите сонови. Финансиски ќе напредувате после 22 декември. Вашата финансиска состојба е добра и во можност сте да направите добри инвестиции. Може да заработите пари преку маркетингшки проекти. Ќе ја имате поддршката од саканата личност за своите финансики напори. Односите со саканта личност ќе ви бидат одлични и вашиот партнер ќе ги преземе сите потребни чекори за да ги исполни вашите желби.

Јарец

Во текот на месец декември ќе бидете заинтересирани за љубовта и ќе уживате во телесните задоволства. Исто така ќе бидете многу агресивни и независни. Ја имате сета енергија за да ги завршите работите, и нема да барате помош од другите. Вашиот напредок ќе биде феноменален. Овој месец е создаден за акција и остварување на вашите цели. Од друга страна ќе бидете заинтересирани и за добротворни активности, како што е учество во некои хуманитарни активности. Ќе зрачите со особена привлечност, а во текот на првата и последната недела од декември ќе имате многу љубовни можности.

Водолија

Овој месец во фокус ќе ви бидат професионалните цели и желби. Емоционалната сигурност и семејството ќе ви бидат во позадина. Целите за иднината ќе ви бидат поважни од досегашните постигнувања. Нема потреба да се прилагодувате на другите луѓе, туку обрнете внимание на личните желби. Главно ќе се интересирате за социјалниот живот, духовни и академски истражувања, патувања во странство, филантропија и лична харизма. Професионалниот раст може да го подобрите преку социјалните мрежи и комуникациските можности. Што и да сте сонувале за својата професионална иднина, сега можете да го остварите. Во вашите љубовни односи ќе имате доста романтика. Животот со партнерот ќе ви биде полн со забава, а врската ќе ви биде хармонична.

Риби

Во месец декември особено ќе бидете посветени на вашата кариера. Повеќе ќе гледате кон иднината, наместо кон минатото. Самоуверени сте и подготвени за нови потфати. Ништо не зависи од другите. Помош од страна нема да ви биде потребна, затоа што имате доволно потенцијал самите да го постигнете она што сте го замислиле. Вие ги диктирате своите услови, а другите немаат свој избор отколку да ги прифатат. Ќе ви се зголеми финансиската сигурност и ќе ви се подобри социјалниот статус. Ќе имате доволно време да им се препуштите на своите хобија. Врската со партнерот ќе ви биде хармонична, а вашата сакана личност ќе биде задоволна со вашите желби.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button