Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Месечен хороскоп за месец мај: Кај Овните можен е прилив од странство, а слободните Девици…

Реклама

Дознајте што ви претскажуваат ѕвездите за месец мај!

ФОТО: meetmindful.com

Овен

Сето она што сте сакале да го постигнете на деловен план, овој месец ќе ви биде овозможено. Добар дел од месецот ќе посветите и на организирање на финансиите. Можен е прилив од странство. Доколку сте зафатени, партнерот ќе ви ја дава сета потребна поддршка. Слободните Овни ќе привлекуваат внимание. Ќе имате добро здравје, но намалете го внесот на слатки работи.

Бик

Овој месец своите потреби ќе ги ставите на прво место, па малку простор ќе ви остане за другите луѓе во вашиот живот. Ќе бидете лидер на вашето работно место. Зафатените претставници на овој знак ќе почнаат да го испитуваат односот во кој се наоѓаат. Слободните Бикови ќе имаат прилика да ја импресионираат личноста која ги интересира. Добра здравствена состојба.

Маркетинг

Близнаци

Првите денови од месец мај ќе бидете малку мрзеливи, но некаде од средината повеќе ќе се активирате. Одлична комуникација со соработниците. Односот со саканата личност ќе ви биде хармоничен, а доколку сте слободни можна е тајна врска. Стабилна здравствена состојба.

Рак

Работната ситуација ќе ви биде стабилна, ќе правите планови за иднината, но ќе се посветите и на заостанатите обврски. Ако сте зафатени, партнерот ќе ви подари огромно внимание. Слободните Ракови ќе се двоумат во врска со една личност. Бидете повеќе физички активни.

Маркетинг

Лав

Вредно работите и сакате да оставите добар впечаток во очите на вашите надредени, кои во текот на месец мај ќе ви бидат наклонети. Зафатени Лавови ќе бидат во стабилни љубовни односи, а оние кои се слободни ќе имаат прилика да се впуштат во љубовна врска која има потенцијал да трае. Добра здравствена состојба.

Девица

Овој месец е поволен за вас зашто ќе успеете да си ја вратите контролата во свои раце, па и да ги стабилизирате односите со вашите надредени и колеги. На полето на љубовта ќе ви владее слична атмосфера. Саканата личност ќе сака да помине повеќе време со вас, а слободните Девици детално ќе ја преиспитуваат својата љубовна ситуација, притоа посветувајќи ѝ се на некоја нова личност. Можни се главоболки.

Вага

Складните меѓучовечки односи на полето на работата ќе ве стимулираат да напредувате во своите замисли и да ги постигнете своите цели. На полето на љубовта ќе ви владее страст и хармонија со саканата личност. Слободните припадници на овој знак ќе имаат повеќе додворувачи овој месец. Стабилна здравствена состојба.

Скорпија

Одличната работна ситуација може да ве мотивира уште повеќе енергија да вложувате во она што го работите. Задоволни ќе бидете и со приливот на пари. Што се однесува до љубовта, нема да имате сјајни односи со саканата личност, па моментално нема да знаете како да се однесувате, Доколку сте слободни, трудете се повеќе да излегувате и да се дружите. Нема да имате особени здравствени проблеми.

Стрелец

Овој месец ќе заостанувате со вашите работни обврски и тоа ќе ви создава нервоза. Не грижете се, на крај сите работи ќе ги доведете на своето место. Потребно ќе ви биде повеќе време за себе, а саканата личност ќе се потруди да ве разбере. Слободните припадници на овој знак ќе се наоѓаат пред голем љубовен предизвик. Можни се проблеми со циркулацијата.

Јарец

Во наредните недели ќе се соочите со стагнација на деловен план, но веднаш потоа ќе се мотивирате да ги преминете препреките пред кои ќе се наоѓате. Што се однесува до љубовта, можно е со саканата личност да дојдете до заклучок дека треба да преминете кон нешто посериозно. Слободните Јарци ќе немаат време да се впуштат во љубовни врски, ниту пак во површни флертови и авантури. На полето на здравјето ќе ве прати умор.

Водолија

Семејството ќе ви биде дополнителна поддршка овој месец, при што во наредните недели ќе се посветите исклучиво на тоа. Работата ќе ви биде на второто место. Можно е партнерот да ви најде забелешка дека не му посветувате доволно внимание. Слободните Водолии нема да бидат подготвени на компромиси. Стабилна здравствена состојба.

Риби

Овој месец ќе успеете да ги корегирате грешките од претходните месеци, па да продолжите понатаму да ги остварувате своите цели. Што се однесува до љубовта, разговарајте поотворено со вашиот партнер. Слободните Риби треба да размислуваат да отпатуваат некаде.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button