Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Месец октомври им носи нестабилни љубовни односи на Овните и Биковите

Реклама

Месец октомври ни е пред прагот, а овие два хороскопски знаци особено треба да бидат претпазливи на полето на љубовта.

ФОТО: Shutterstock

Овен

Во месец октомври припадниците на овој хороскопски знак повеќе внимание би требало да посветат на својот партнер. Вие ќе бидете чувствителни на промени, па ако дојде до кавга, нема да заврши сјајно. Затоа, потрудете се на убав начин да го изразите своето мислење, а и во право време. Така ќе ја избегнете тензијата и непријатноста. Доколку сте слободен претставник на овој знак, во месец октомври ќе скоката од акција во акција, од флерт во флерт…

Бик

Доколку сте во врска или брак, вашите односи ќе бидат на самиот раб. Во вашата љубовна врска ќе се вмеша трета личност, која само ќе го разгори огнот, ќе предизвика нервоза и ќе ве поттикне на кавга. Ова ќе биде тест за вашиот однос. Морате со заеднички сили да им одолеете на кавгите, а доколку успеете во ова, во наредниот период ќе бидете многу среќни. Слободните припадници на овој знак ќе бидат во комуникација со неколку личности, меѓутоа, до крајот на месец октомври нема да ја пронајдат „онаа вистинската“.

Маркетинг

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button