Рецепти
Како правилно се прави мешана салата

Го одвојуваме и ги миеме листовите од марулата.
Ја потопуваме во вода со сода бикарбона и ја оставаме да отстои пола час, за потоа да ја извадиме и исцедиме. Карфиолот го сечиме на еднакви парчиња, го посолуваме и го оставаме да стои. Ротквиците и краставиците ги сецкаме на тенки кругови, а кашкавалот на коцки.
Во чинија прво ги положуваме листовите од зелената салата, преку нив го редиме карфиолот, потоа краставицата, роктвиците и на крајот, на средината го редиме кашкавалот.
Го служиме со сос направен од сенф и сок од лимон.
Потребни состојки:
1 главица зелена салата (Марула)
1 главица карфиол
3 краставици
1 снопче ротквици
150 грама кашкавал
Сол
Сода бикарбона
Врати се на првата страна.