Мерна станица до народот, 300 AQI, дишеме отров, а викаме магла – струмичани направија песна за градот (видео)
„Сулфур диоксид над дозвола скока, филтри нема, само чад од високо, „природна појава“, лажна утеха, додека градот полека се гуши без здив да зема“
Аерозагадувањето е алармантно во повеќе градови низ Македонија, па дури и во Охрид, кој важеше за еден од најчистите градови.
Ајљак Магарина продукција објави песна конкретно за аерозагадувањето во Струмица, град кој „води“ на светските листи по загаденост на воздухот.
„Отвори очи, види што се случува Загадувањето расте, а народот се мачи Време е за акција, доста со приказни За почист воздух – сите сме важни Струмица вика, ти слушаш ли? Воздухот црн е, ти гледаш ли? Промена носи само будна свест Крени се сега, време е за протест!“ – се вели во последниот стих од песната.
Протест против аерозагдувањето, односно за преземање мерки за решавање на проблемот, во Струмица е закажан за сабота, во организација на Здружението „Здрава котлина“.
Протестот ќе започне во 11 часот во паркот пред Домот на АРМ, а ќе заврши пред зградата на Општина Струмица.