Меланија повторно критикувана поради нејзиниот гламурозен стил – овој пат поради фустанот кој чини колку и една просечна годишна плата во Македонија
На многумина ќе им се сврти во главата кога ќе ја чујат неговата цена
Меланија Трамп се обрати со инспиративен говор во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, но во розово издание со кое успеа да го засени сето она што го кажа пред микрофоните. На подиумот во седиштето во Њујорк, Меланија се појави во впечатлив розов фустан со пуфнести ракави и шпиц високи потпетици во идентична нијанса. Станува збор за луксузна креација од шпанскиот бренд „Delpozo“ кој во продажба се наоѓа по цена од околу 3000 евра. Сепак, на јавноста не и се допадна изборот на Првата дама, па наместо коментари во врска со нејзиниот говор, таа беше критикувана поради гламурозниот стајлинг.
Па, што мислите, дали Меланија требала да облече нешто поскромно за овој настан?
Извор: marieclaire.com