Меланија Трамп го скрати скапоцениот фустан за да се пофали со новите лобутинки
Меланија Трамп во црвен фустан и шарени „лобутинки“
Меланија Трамп на дочекот на кинескиот претседател Си Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лиуан се појави во преубава црвена креација. Таа со изборот на бојата сакаше да им одаде почит на нивната земја, а целата комбинација дополнително ја подигна со стејтмент високи потпетици од генијалниот Кристијан Лобутин.
Фустанот е со дебели нараменици, струкиран крој и везени цветни детали. Креацијата е со потписот на модната куќа Valentino, а Меланија одлучи малку да интервенира во должината како дополнително би ги истакнала цветните салонки. Фустанот во оригиналната верзија е нешто подолг, а креацијата што ја носи таа е со средна должина.
Ох, ги обожаваме новите лобутинки на Меланија Трамп! Вие? >>
Нешто порано, истиот ден, Меланија се појави во преубав црн фустан кој некои модни критичари го оценија како непримерен.
Повеќе за ова прочитај тука >>