Еве како изгледа Меланија Трамп кога високите потпетици ќе ги замени со патики
Меланија Трамп многу ретко можеме да ја видиме во патики
Но првата дама при посетата на жртвите од ураганот Ирма на Флорида се појави во култните старки. Меланија, откако беше критикувана поради високите потпетици со кои се појави при посетата на жртвите од ураганот Харви во Тексас, на Флорида се појави во кежуал издание за кое мораме да признаеме дека изгледа фантастично. По балетанките од Шанел што ги носеше додека патуваше, Меланија овој пат за разгледување на разрушените куќи одлучи да се облече во попримерен стајлинт, па скапоцените балетанки ги замени со старки.
Таа патиките ги носеше во комбинација со маслинеста кошула од познатиот американски street style бренд „J.Crew“ и обични бели фармерки со потписот на „J Brand“, а целиот стајлинг го зачини со големи рефлектирачки очила за сонце.
Па, дали ви се допаѓа Меланија во ова издание?