Холивуд

Меланија Трамп ни покажа каков фустан да избереме ако сакаме да го сокриеме вишокот килограми (но и лобутинки кои секоја дама би сакала да ги има во плакарите)

Advertisement

Меланија Трамп во две прекрасни изданија

Advertisement

Меланија и Доналд Трамп неодамна во Белата куќа ги пречекаа претседателот на Јужна Кореја Мун Јае-Ина и неговата сопруга Ким Јеонг-сук, а во центарот на вниманието беа токму првите дами. И додека на сопругата на корејскиот лидер сите и се дивеа поради традиционалната облека што ја носеше со стил, сепак најгласни беа воздишките на љубителките на модата поради прекрасната комбинација на нивната миленичка Меланија Трамп. Главна причина за тоа беше секако фустанот што го носеше Меланија кој е со потписот на познатиот француски дизајнер Ролан Муре. Станува збор за модел во нежна розова боја со интересни карнери во пределот на колковите кој совршено ги истакнува нозете, задникот и половината. 

Никогаш досега ја немаме видено Меланија во skinny фармерки – проблематичните панталони и стојат вака >>

Advertisement

Токму затоа овој модел за кој Меланија издвои 2300 долари е совршен избор за сите жени кои сакаат да го сокријат вишокот килограми во пределот на колковите, особени кога го носите во комбинација со високи потпетици во „nude“ нијанса.

Но тоа НЕ е се!

Само еден ден подоцна Меланија ни одржа уште една модна лекција која е совршено решение за топлите летни денови. Таа задно со својот сопруг и синот Барон за прославата на Денот на независноста отпатуваа од Вашингтон за Њу Џерси, а Првата дама на Соединетите американски држави повторно беше во центарот на вниманието. Имено, таа за оваа пригода носеше обична кошула во бела боја, која е задолжително парче за секоја сезона, особено за преку летниот период, во комбинација со црвено-бело pencil здолниште со висок струк и стејтмент бели салонки со препознатливите високи потпетици на Кристијан Лобутин.

Меланија во фустан и Лобутинки за кои сите зборуваат >>

Должината на здолништето е таман толкава за да ги истакне (пре)убавите нозе на Првата дама заради што повторно заслужи позитивни коментари и од најстрогите модни критичари. Од модните додатоци носеше тренди очила за сонце и едноставен накит (свршенички прстен) што беше сосема доволно за оваа неодолива летна комбинација.

Па, која од овие две комбинации на Меланија ви се допаѓа повеќе?

Поради неа веќе никој НЕ гледаше во невестата – Меланија Трамп на венчавка се појави во прекрасен фустан и го украде шоуто >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button