Меланија Трамп во стилот на Џеки Кенеди – големо БРАВО за ова неодоливо дамско издание на првата дама на Америка!
Ново шик издание на госпоѓата Трамп
Меланија Трамп не престанува да не воодушевува со нејзините модни комбинации. Откако фустанот од „Hervé Pierre“ кој што Прават дама на Америка го носеше на инаугурацискиот бал за нејзиниот сопруг го доби своето место во познатиот музеј „Smithsonian“ Меланија ни покажа уште едно прекрасно издание. И тоа токму кога овој фустан беше поставен во музејот.
Меланија и Доналд на инаугурацијата
Убавата Словенка за настанот избра парчиња со потписот на генијалниот италијански дизајнерски пар „Dolce & Gabbana“ со кои не потсети на беспрекорниот стил на Џеки Кенеди. Станува збор за капут со должина до колена во нежна розова нијанса под кој носеше бел тесен, цветен фустан кој совршено стоеше на нејзиното убаво тело и стејтмент салонки со високи потпетици од „Manolo Blahnik“ во неодолива розова нијанса.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Маленија Трамп?