Реклама
Новости

Меланија и Иванка во појавија пред Папата Франциск во сосема неочекувано издание

Реклама

Меланија и Доналд Трамп беа во посета на Ватикан каде ги дочека папата Франциск и останатите официјални лица од црквата.

Но она што најмногу ни остави впечаток кога е во прашање Доналд Трамп, впрочем како и секогаш, е модниот стил на неговата прекрасна сопруга Меланија Трамп. Таа на средбата со папата се појави со марама на главата како што налага протоколот на Ватикан.

Маркетинг

За разлика од посетата на Ватикан и нејзиниот избор да го почитува протоколот и правилата на облекување, Меланија во Саудиска Арабија и покрај очекувањата, не носеше вел. Не го носеше ни Иванка која со својот сопруг Џаред Кушнер, член на администрацијата на Трамп, го следеше претседателскиот пат на службеното патување. „Меланија и Иванка без марама на главата во Саудиска Арабија“ – таквата слика предизвика бројни критики (Ангела Меркел за време на посетата на Саудиска Арабија носеше панталони).

Маркетинг

Меланија која е христијанка, и Иванка која откако се омажи за Кушнер го прифати јудаизмот, изгледаа далеку поофицијално во Италија. Интересно е тоа што протоколот го почитуваа и кога беа во посета на Израел при обиколката на Ѕидот на плачот.

Но покрај велот на главата, оваа посета на Меланија ќе остане запаметена и по нејзиниот одговор што му го даде на Папата Франциск. Имено, на прашањето од Папата упатено до неа, а кое се однесуваше на нејзиниот сопруг „Што му давате да јаде, потица?“ (потица е традиционален словенечки рецепт кој најчесто се подготвува за Божиќните празници), Првата дама на Америка како од пушка одговори: „Пица, да“! Покрај ова овие официјални посети на Трампови ќе се памтат и по тоа што Меланија два пати му ја отфрли раката на Трамп. Еднаш ја одби понудата сопругот да ја фати за рака на аеродромот во Израел, а еднаш во Италија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button