Првата дама во зимско издание – фармерки, ролка и чизми во кои ќе се вљубите на прв поглед
Првата дама на Америка во посета на Алјаска
Меланија Трамп се врати од азиската турнеја и замина на посета во војната база во Елмендорф- Ричардсон на Алјаска. Таа за оваа пригода избра комбинација со која може да се игра со најмладите, но и да остане верна на својот стил. Меланија уживаше во играта со младите кои се вклучени во програмот на оваа институција, а претставниците на медиумите имаа прилика да ја фотографираат додека си играше со пластелин.
Првата дама за оваа пригода носеше облека која изгледа убаво, но и која може да ја стопли бидејќи сепак станува збор за територија на Америка каде температурите се значително пониски. Таа носеше светли фармерки, ролка во боја на сенф, јакна со ситен кариран дезен која досега малку под колената и чизми кои дефинитивно би сакале да ги имаме и ние.
Па, што велите за ова издание на Меланија?