Кафе муабет

Ме скрши на парчиња, но со тоа ме направи посилна

Advertisement

Лудо се заљубив во тебе. Ја обожавав твојата насмевка и начинот на кој ме гледаше.

 skrshi

Advertisement

Лудо се заљубив во тебе. Ја обожавав твојата насмевка и начинот на кој ме гледаше. Ноќите кога останувавме будни и разговаравме до пет часот наутро. Начинот на кој ме бакнуваше и твоите прегратки. Твојот мирис. Беше единствен и се плашев да не те изгубам. Се плашев дека ќе сфатиш дека има и подобри од мене. Но ти ме сакаше токму мене.

Но, одеднаш престана да бидеш толку прекрасен. Почнавме да се караме. Правев што сакаше ти, за да не ме напуштиш. Никогаш не реков дека не си во право. Не можев да го поднесам фактот дека би можел да заминеш од мене. Барав изговори за твоето однесување кога им зборував на моите пријателки. Не знаев дека создадов чудовиште. Дали знаеше дека грешиш? Дали знаеше дека правам многу работи само за да не ме оставиш? Дали знаеше колкава болка ми нанесуваш?

Дозволи да ти кажам за болката која ми ја вметна во моето срце. Поминав безброј ноќи плачејќи, прашувајќи се кога ќе престане да ме боли душата. Сакав да спијам, но не можев. Едвај живеев, ден по ден. Поради тебе се чувствував безвредно. Но, и покрај сѐ, и понатаму би го оставила секого, токму поради тебе. Би те одбрала и покрај сета болка. Не можам да те мразам.

Advertisement

Сепак, ти благодарам што ми го скрши срцево. Сега сум посилна и ја знам својата вредност. Во моето срце секогаш ќе постои место за тебе. За некој кој би требало да го мразам, јас и понатаму чувствувам љубов!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button