Женски фризури кои мажите дефинитивно ги сакаат

Мажите имаат многу јасна визија кога се во прашање женските фризури.
Тие го сакаат сето она што ним им изгледа привлечно и секси. Но, прашање е дали за сите нив овие правила се исти? Па секако дека не се, тие, се разликуваат, тука и таму, но постојат неколку фризури кои сите тие дефинитивно ги обожаваат. А тоа се:
Природни локни
Ова дефинитивно е стил кој проаѓа кај секој вистински маж. Вашите локни кај нив оставаат впечаток на луксуз и сексапил воедно, па токму од тие причини ова фризура е една од нивните омилени (кога се во прашање вашите глави, секако!) Можеби тајната во оваа фризура лежи во тоа што овие локници се толку привлечни што секој маж би сакал да ги стави соите прстенца внатре..
Испеглана и сјајна коса
Ваквата фризура е потписот на секоја жена која што се грижи за својот изглед, па токму и затоа оваа фризура им е една од најомилените и на мажите. Со оваа фризура оставате впечаток дека сте девојка со која навистина е пожелно да се споделат некои интимни моменти, особено некој не поврзан разговор два на два, во некој зафрлен дел од кафулето кадешто случајно сте се нашле со фраерот!
Изглед како тукушто да сте излегле од креветот
Фрузура која што одава впечаток како тукушто да сте излезени од креветот е можеби една од најсекапилните фризури во сваќањето на мажите за вашиот изглед. Тие дефинитивно ја сакаат оваа фризура, а вие, за да го постигнете вистинскиот ефект, најпрво направете го изгледот на вашата коса и потоа исфенирајте го. Резултатот ќе биде ист: посакуваната личност многу лесно ќе се најде во вашиот кревет!
Коњско опавче
Најразлични варијанти на опашка се исто така нешто што сите мажи сакаат да го гледаат што почесто на вашата глава. Трикот е во тоа што кога вие ќе направите опавче и ќе ја подигнете вашата коса нагоре, тогаш се открива еден од најатрактивните делови на вашето тело за секој маж, а тоа е, секако, вашиот привлечен и убав ВРАТ!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.