Кафе муабет

Мажите полудуваат за овие работи: Ситници на кои жените не мислат, но би требало

Advertisement

Можеби мислите дека мажите лудуваат по добро затегнат задник, големи гради, и долги нозе, но постојат и други работи кои подеднакво им се важни.

 privlechni

Advertisement

Можеби мислите дека мажите лудуваат по добро затегнат задник, големи гради, и долги нозе, но постојат и други работи кои подеднакво им се важни. Па, покрај згодните и харизматични жени, мажите ги сакаат и жените кои се наоѓаат во некоја од овие ситуации.

Кога застануваат во нечија одбрана

Посилниот пол сака кога жената која им се допаѓа ќе застане во нечија обрана. Имено, тоа многу зборува за карактерот на жената, колку е праведна, сочувствителна…

Advertisement

Кога јадат што сакаат

И покрај тоа што многумина не мислат така, момците сакаат девојки со облини. Всушност, ним многу често им е непријатно да поминуваат време со жени кои постојано се жалат дека се здебелиле, па водат сметка за секој залог. Па, затоа ги ценат жените кои го јадат она што го сакаат, затоа што тоа им укажува на тоа дека се задоволни со себе и дека добро се чувствуваат во сопственото тело.

Кога спијат

Мажите сакаат да ја набљудуваат својата девојка додека спие и уживаат во таквиот поглед. Затоа, опуштете се и заспијте му на рамото на вашиот партнер.

Кога искрено се смеат

Мажите обожаваат насмеани добро расположени девојки. Тие уживаат во широка насмевка која е искрена и истата неверојатно многу ги привлекува.

Кога се храбри

На мажите им е привлечно кога ќе видат жена која не се плаши од животните предизвици и храбро се соочува со истите. Тоа им ја покажува внатрешната сила на жените, што е доказ дека таквата дама секогаш ќе може да им ја пружи потребната потпора и поддршка.

Кога знаат што сакаат од животот

Дамите кои знаат што сакаат во животот и се спремни да се борат за тоа, на мажите им се многу секси. Тоа во нив го буди натпреварувачкиот и амбициозниот дух. Убаво е да се биде сигурен во себе и во своите цели.

Кога помагаат некому

Помагањето на другите денес е ретка особина, па затоа мажите уживаат и ги ценат жените кои се спремни да се жртвуваат за другите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button