Дали сме папучари ако го чистиме домот и ги миеме садовите?
Писмо од еден маж кој секојдневно го чисти домот и ги мие садовите.
Дојде еден мој добар другра кај мене дома го замолив… „Извин само секунда одам да ги соберам играчките од подот“, го прекинав во разговорот. Тој засатана зачудено.Се вратив и продолживеме со разговорот, тој со восхит и зачуденост во својот глас: „Убаво за тебе што ѝ помагаш на твојата сопруга, но кога јас ќе го направам тоа, мојата сопруга не го цени стореното. Една недела го избришав подот и ниту едно благодарам не добив од неа!“
„Неа не ѝ треба помош, ѝ треба партнер“, почнав да објаснувам. „Ние сме рамноправни во домот и исто како и на сите други партнери, така и нашите задачи се поделени. Имајќи го ова на ум, тоа што јас го правам со сигурност не се работи за помош во домот. Јас не ѝ помагам на својата сопруга да го исчисти домот, туку чистам затоа што и јас живеам тука и сакам да ми биде чисто. Јас не ѝ помагам да готви, туку готвам затоа што и јас сакам да јадам бидејќи во спротивно ќе бидам гладен. Јас не ѝ помагам на сопругата да ги измие садовите после јадењето, туку го правам тоа затоа што јас ги користев тие садови. Јас не ѝ помагам околу децата, туку се грижам за моите деца – мојата улога е да бидам татко и родител. Јас не ѝ помагам на својата сопруга да ја простира и пегла облеката, го правам тоа затоа што таму има и моја облека, како и облека на моите деца. Јас не сум помошта во домот, јас сум дел од домот.“
„Што се однесува до ценењето, кога последен пат, откако таа завршила со чистење на домот, перење на облеката, откако ја променила постелнината на креветот, ги избањала децата, зготвила, организирала и така натаму, ти си ѝ кажал благодарам? Но, не обично благодарам, туку тоа од типот: Прекрасно! Жено моја! Фантастична си! Ти изгледа апсурдно? Ти изгледа чудно? А ти, еднаш во 100 години си го исчистил подот, па веднаш си очекувал награда за извонредноста, со полна слава? Зошто? Тој не знаеше што да ми одговори. На крајот само смирено заклучив: „Треба да цениш како што сакаш да те ценат тебе, на ист начин и со ист интензитет.